Често поставувани прашања

Како можам да нарачам?

  • Најлесен начин да направите нарачка е да кликнете на производот кој сакате да го купите и кога ќе ви се појави неговиот детален опис, да кликнете на полето “Купи“ со што ќе ви се појават понатамошни инструкции за комплетирање на нарачката.

Доколку би нарачал/а, за колку време ќе ги добијам производите?

  • Во зависност од зоната на вашето место на живеење нарачаните производи ќе ги добиете за максимум половина час во Зона 1 (Центар, Карпош, Црниче, Аеродром), и за максимум еден час во Зона 2 (Влае, Ѓорче Петров, Лисиче, Автокоманда, Маџари)

Дали може да добијам подетални информации за некој производ пред да го нарачам?

  • Со кликање на производот кој сакате да го купите го добивате  деталниот опис за секој од производите, но доколку имате било какви дополнителни прашања во врска со производите може да се обратите до нашите стручни лица преку contact@edea.mk или на бесплатниот телефонски број 02 320 16 78

Дали морам да се регистрирам за да направам нарачка?

  • Не, не морате да се регистрирате за да направите нарачка. Сепак ние ве препорачуваме да го направите тоа бидејќи на тој начин ги користите и останатите бенефиции и промоции.

Колку е заштитена мојата нарачка и лични податоци?

  • Вашата нарачка е целосно заштитена. Интернет продавницата edea.mk, во согласност со прописите за заштита на личните податоци, обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната или ги оставаат своите податоци при правење на нарачка и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица во било каков облик. Со цел соодветна заштита на личните податоци на своите корисници е-apteka.mk има своја Политика за приватност  која утврдува како се третираат податоците на корисниците. Политиката за приватност во целост може да ја прочитате подолу на оваа страна.

Како ги испорачувате производите?

  • Сите производи ќе бидат испорачани преку дистрибутивна компанија со која www.edea.mk има договор за испорака. Повеќе информации за политиката на испорака може да прочитате подолу на оваа страна.

Како ќе знам дека мојата нарачка е прифатена?

  • После секоја нарачка нашите оператори ќе ве контактираат за конфирмација на истата преку email ( заради ова ве молиме да ја додате нашата адреса contact@edea.mk ) или контакт телефон.

Можам ли да ја откажам нарачката по праќањето преку веб страната?

  • Ако сакате да ја откажете нарачката јавете се на бесплатниот телефон или пратете ни маил но не подоцна од моментот на праќање на нарачката на тел. +389 (0)23 201 678, +389 78 451 615 или на email: contact@edea.mk